Фудбал
ФИФА воведува ново признание, Награда за мир
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави денеска дека воведува ново признание, насловено „Награда за мир“, која премиерно ќе биде доделена на 5 декември во Вашингтон за време на жрепката за Светското првенство 2026.
Како што е соопштение, наградата ќе „препознава исклучителни достигнувања и дела во служба на мирот“.
„Во свет кој е сè понестабилен и поделен, важно е да се истакнат оние кои придонесуваат за прекинување на конфликтите и зближување на луѓето во духот на мирот“, рече претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
ФИФА објави дека наградата ќе се доделува секоја година „во име на навивачите ширум светот“, а оваа година ќе ја врачи Инфантино.
ноември 6, 2025

