Кошарка
Со „тројката“ на Војдан Стојановски МЗТ Скопје Аеродром до победа во АБА 2
Кошаркарите на македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром остварија голема победа во АБА 2 лигата. Со „тројката“ на Војдан Стојановски со звукот на сирената македонскиот првак стигна до победа од 85:82 на гостувањето кај екипата на Студент Бања Лука.
На полувреме МЗТ Скопје А. имаше десет поени предност 47:37, но домашниот тим успеа завршницата да ја направи неизвесна и со трите поени на Фарахан дојдоа до изедначување на пет секунди до крајот. Но, Војдан Стојановски беше прецизен во последниот напад за „металците“.
Кај МЗТ Скопје А. Мек Кејден беше најефикасен со 26 поени, а В.Стојановски постигна 20. На натпреварот најпрецизен беше Фарахан од Студент со 27 поени.
Со овој триумф МЗТ Скопје А. Е во групата на пет екипи на врвот на табелата со скор 2-1 (победи-порази).
ноември 5, 2025

