Connect with us

Сервисни информации

Променливо облачно време со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени Целзиусови.

И во Скопје ќе биде променливо облачно, а претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре и в четврток во утринските часови ќе има услови за појава на магла.

Под влијание на влажна воздушна маса, од четврток од вечерните часови, па се до понеделник, следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1