Connect with us

Фудбал

ЛШ: Наполи на Елмас одигра без голови дома со Ајнтрахт

Екипата на Наполи одигра нерешено 0:0 вечерва со Ајнтрахт Франкфурт на домашен терен во натпревар од 4.коло од Лигата на шампионите. Домашниот тренер Антонио Конте во стартниот состав го имаше македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас, кој беше од најдобрите играчи во својот тим, но играчите на Наполи немаа среќа да ја затресат мрежата на гостинскиот голман.

На вториот дуел одигран во Прага, Арсенал со 3:0 го совлада домаќинот Славија. Головите за „топџиите“ ги постигнаа Букајо Сака од пенал во 32.минута и Мерино во 46.минута и 68.минута.

Во вечерниот термин од 21 часот се играат натпреварите: Ливерпул – Реал Мадрид, Атлетико Мадрид – Ројал Унион, Бодо/Глимт – Монако, Јувентус – Спортинг, Олимпијакос – ПСВ, ПСЖ – Баерн и Тотенхем – Копенхаген.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1