Фудбал
Фиорентина го отпушти Пиоли
Тренерот на Фиорентина, Стефано Пиоли, е отпуштен од функцијата, објави прес-службата на клубот од Фиренца.
-Фиорентина објавува дека Стефано Пиоли денес е отпуштен од функцијата главен тренер, се вели во соопштението.
Шеесетгодишниот Италијанец е на чело на „Виолетовите“ од јули 2025 година. Под негово водство, тимот одигра 14 натпревари, во кои победи на четири, одигра четири нерешени и загуби на шест.
По 10 натпревари, Фиорентина е последна на табелата во Серија А со четири бода.
ноември 5, 2025

