Connect with us

Култура

Во Велес хуманитарен поетски и музички настан

Во петок, во медиотеката на велешката Локална  библиотеката „Гоце Делчев“ ќе се одржи хуманитарен поетски и музички настан „Стих по стих“, за поддршка на семејството Јовевски, кое во пожар ја изгуби својата куќа.

Како што информира организаторот на настанот Вероника Саздовска, а во соработа со Локалната  библиотека, настанот има за цел преку зборот и уметноста да соберат средства за помош на ова семејство. Воедно ги повикува сите поети, автори и пријатели на литературата да се приклучат со донирање примероци од своите книги. 

Донираните изданија ќе бидат дел од хуманитарна продажба, а сите средства ќе бидат целосно наменети за поддршка на семејството Јовевски.

Покрај донациите, поетите ќе имаат можност и лично да настапат, споделувајќи свои стихови со посетителите – во чест на солидарноста, љубовта и заедништвото..

Сите заинтересирани автори и граѓани за повеќе информации  околу донациите и учеството, можат да ја контактираат Вероника Саздовска на меил адресата sazdovskae56@gmail.com .

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1