Connect with us

Култура

Студентски средби Скомрахи на Факултетот за драмски уметности од 5 до 8 ноември

На Факултетот за драмски уметности (ФДУ) – Скопје од 5 до 8 ноември ќе се одржат Студентските средби „Скомрахи“ со учество на студенти од повеќе европски драмски академии.

-Под мотото „Друг свет“, тие својата креативност, идеи и енергија ќе ја престават на Академската сцена на ФДУ, во Драмскиот и во Албанскиот театар. Публиката ќе има единствена можност да види театарски претстави на студенти од Белгија, Словачка, Турција, Србија заедно со оние на домаќините – студентите на ФДУ, соопшти ФДУ. 

Во рамки на програмата, на ФДУ ќе има и две работилници – на 6 ноември ќе се одржи работилница водена од Катржина Јебава од Академијата за изведувачки уметности во Брно, Чешка, и на 8 ноември – работилница водена од Умит Ерлим од Одделот за сценско-изведувачки уметности на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот Малтепе во Истанбул.

-Годинашните Скомрахи, целосно конципирани и програмирани од студентите на ФДУ, се инспирирани од желбата да се откријат нови реалности и алтернативни перспективи за уметноста, театарот и човековото постоење. Под мотото „Друг свет“, фестивалот го истражува просторот помеѓу имагинарното и реалното, границите на телото, идентитетот и сцената. Скомрасите ги повикуваат сите љубители на театарот, уметноста и експерименталниот израз да се приклучат на создавањето на „Друг свет“, наведува организаторот. 

Годинашните „Скомрахи“ ќе почнат задутре во Драмскиот театар – Скопје со изведба на „Луѓе, места и нешта” на Данкан Мекмилан од студентите на ФДУ. Сите настани се отворени за публиката, со бесплатен влез. Целата програма е објавена на www.instagram.com/skomrahi  и www.facebook.com/skomrahi  

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1