Фудбал
Гвардиола бесен на судењето во Премиер лигата
																								
												
												
											Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола изјави дека неговиот тим веќе десет години не добива равноправен третман од страна на судиите во Премиер лигата. „Сините од Манчестер“ викендов изборија важна победа од 3:1 на домашен терен против Борнмут.
И покрај победата Гвардиола имаше сериозни забелешки на судењето и тоа во моментот кога не беше досуден фаул на голманот Џанлуиџи Донарума, при голот за изедначување.
– Дејвид Брукс му ја собори раката и голманот беше нестабилен. Тоа му го соопштив на судијата (Тејлор) и следниот пат кога ќе се видиме да ми каже дали имало фаул или не. Храбри се судиите, особено кога судат на Етихад, изјави Гвардиола.
Гвардиола се осврна и на тоа дека веќе десет години трае таа тенденција.
Од друга страна менаџерот на Борнмут Андони Ираола беше кус во изјавата дека такви ситуации повеќе не се судат како фаул.
Дали сега Гвардиола со оваа изјава прави притисок кај судиите во пресрет на следниот натпревар во Премиер лигата, каде неговата екипа го пречекува шампионот Ливерпул.
ноември 4, 2025
											
											
											
								
								
