Connect with us

Кошарка

Атанасов: Искуството и традицијата се на наша страна

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје утре (вторник) го игра третиот натпревар од АБА 2 лигата. „Металците“ гостуваат кај екипата на Студент од Бања Лука, а двата тима имаа ист скор 1-1 (победа – пораз).

– Гостувањето во Бања Лука за нас е едно од клучните во првиот дел од сезоната. Искуството и традицијата се на наша страна и секако влегуваме како фаворити, но тоа треба да се оправда на терен. Мал проблем ќе биде отсуството на неколку играчи, но тие проблеми носат и дополнителен мотив. Добро сме подготвени, но ќе мора тоа да се покаже и на терен, изјави тренерот на македонскиот шампион Васко Атанасов.

Дуелот Студент – МЗТ Скопје Аеродром што се игра утре почнува во 20 часот, додека два часа претходно ќе стартува дуелот во Скопје (сала Кале) меѓу ТФТ и Хелиос.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2