Connect with us

Сервисни информации

Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна

Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна за пиење, соопшти ЈП „Водовод и канализација” – Скопје. 

Според неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, од 22.02.2021 до 26.02.2021 земени се 184 примероци за физичко-хемиска и 184 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 40 мерни места во Град Скопје. Анализите се спроведени во Секторот за санитарна контрола.

-Сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираат од ЈП „Водовод и канализација”-Скопје.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 3