Connect with us

Фудбал

Алегри: Рома беше подобра во првите 35 минути

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, ги искажа впечатоците за синоќешното дерби со Рома во 10. коло од италијанското фудбалско првенство.

Милан победи со 1:0, а Рома пропушти неколку шанси прва да дојде во водство.

– Во првите 35 минути, Рома беше подобра. Ние сè што направивме беше погрешно. Ова се должеше и на интензивниот притисок што Рома го вршеше врз нас. Откако поведовме, ни стана полесно да играме дефанзивно и успеавме да преминеме во формација со среден ред со четири играчи. Излеговме со правилен начин на размислување за второто полувреме и имавме шанси да го дуплираме нашето водство, а потоа, се разбира, нашите противници се обидоа да создадат добри можности за гол. Мислам дека нашите проблеми во минатото, парадоксално, беа поврзани со второто полувреме, додека денес не беше таков случај, изјави Алегри за „DAZN“ италијанскиот тренер.

Милан е трет на табелата во италијанското првенство со 21 бод по 10 натпревари, Рома исто така има 21 бод и е на четвртата позиција.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3