Општини
ВМРО-ДПМНЕ и Влатко Грозданов победија во Кочани, по 100% обработени гласови
Кандидатот на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Грозданов, е новиот градоначалник на Општина Кочани, покажуваат конечните податоци од Државната изборна комисија (ДИК).
Грозданов освои 52,71% од гласовите, односно 7.368 гласа, додека неговиот противкандидат Венко Крстевски од Група избирачи доби 42,31% или 5.914 гласа.
Обработени се сите 63 избирачки места (100%)
ноември 2, 2025

