Connect with us

Општини

Во штипскиот затвор право на глас имаат  92 осуденици од 23 општини

Во Затвор Штип право на глас имаат 92 осуденици. Претседателот на Општинската изборна комисија, Виктор Вацев вели дека пристигнат е доверливиот материјал, а во 6 часот членовите на Избирачкиот материјал ќе го подигнат од ОИК и во 7 часот ќе го отворат Избирачкото место во Затвор Штип. Деведест и двајца осуденици своето право на глас ќе можат да го искористат до 19 часот. Гласаат осуденици од 23 општини и Град Скопје.

Во текот на денот гласаат и болни и изнемоштени лица.

Во Општина Пробиштип за вториот круг на Локалните избори право на глас имаат 12. 251 избирач, а ќе бираат меѓу двајца кандидати за градоначалник, Тони Тоневски од ВМРО – ДПМНЕ и Драган Анастасов од СДСМ.

Во оваа општина ќе гласаат и болните и изнемоштени лица. За вториот круг пријавени се 262 болни и немоќни, а во првиот круг гласаа 208 болни и изнемоштени лица. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1
Маркетинг