Општини
Во Куманово ќе гласаат 212 болни и немоќни, 79 осудени лица и 42 во домот за стари „Зафир Сајто“
Во Куманово ќе гласаат 212 болни и немоќни лица, соопштија од Општинската изборна комисија.
Претседателката на ОИК Куманово, Кристина Цветковска, рече дека за гласање се пријавени и 42 лица сместени во Домот за стари лица „Зафир Сајто“.
– Во казнено-поправната установа затвор Куманово (К’шање) ќе гласаат и 79 осудени лица. Сè е подготвено и за во недела, изјави Цветковска.
Право на глас во недела имаат 94 041 гласач, со што Куманово е општина со најголем број избирачи кои ќе гласаат на 164 избирачки места.
ноември 1, 2025

