Кошарка
Реал Мадрид и Барселона пред напуштање на Евролигата
Кошаркарските колективи Реал Мадрид и Барселона според пишувањето на грчката Газета се на чекор од напуштање на Евролигата. Двата најголеми колективи би се можеле да се преселат во натпреварувањата на ФИБА.
Евролигата прави притисок двата шпански клуба да потпишат долгогодишни договори и на тој начин да се обврзат на соработка. НБА лигата пак врши притисок со интенција за преселба во ФИБА натпреварувањата, како прв чекор кон формирањето на лига основана од НБА.
Реал Мадрид и Барселона до декември треба да се изјаснат за договорот со Евролигата. Лесно може да се случи и актуелниот европски шампион на Евролигата Фенербахче да го следи „патот“ на шпанските клубови, а познато е дека прв клуб што ќе ја напушти Евролигата е францускиот Асвел.
ноември 1, 2025

