Connect with us

Култура

Исклучителна музичка вечер во КИЦ во Белград на ансамблот „Македониум“

Македонскиот Културно-информативен центар во Белград вечерва беше домаќин и организатор на концерт на музичкиот ансамбл „Македониум“ од Белград, со наслов „На срце ми лежи, мила мамо“.

Ансамблот Македониум изведе 10-на песни – изворни и новосоздадени македонски песни. 

Концертот кој се организира во партнерство со Здружението на Македонците во Белград „Македониум“, го отвори директорот на КИЦ Белград Васко Шутаров, додека концертот е поддржан од Министерството за култура и туризам.
Македониум повеќе од 10 години стекнува симпатии како меѓу публиката од македонската заедница во Србија, така и меѓу српската публика, каде и да настапува.


-Меѓу сите печајки и распеани грла родени од Македонија овој ансамбл е еден од најмоќните. Тие сега се прват гости во КИЦ во Белград и искрено, тие се мои фаворити на музичката сцена во главниот град на Србија бидејќи во својата душа и срце го носат и чувствуваат она што и јас го чувствувам силно, а тоа е – чукањето на 7/8-то срце. Тоа не е комецијална, професионална група, но затоа пејат од срце и душа и со многу радост, и се радувам што вечерва се со нас, нагласи директорот Шутаров. 

Со ансамблот Македониум раководи Весела Ангелевска Митровиќ.

-Таа работи со полн ентиузијазам. Потекнува од едно од најмузикалните семејства во западниот дел од Макеоднија, од Демир Хисар. Тој нејзин ентузијазам е вграден во нејзините корени. Вечерва ние во Белград славиме она што е најизворно наше со најдоброто што го имаме од Макеоднија, потенцира Шутаров. 

Со извонредно пренесено пејачко чувство Македониум и овозможи на публиката која го наполни КИЦ во Белград да има исклучителна вечер.  

Ансамблот „Македониум“ е основан во 2015 година, и нивна цел е да бидат сочувани, негувани и популаризирани старите македонски изворни песни, да се сочуваат и почитуваат старите обичаи, како и да се афирмираат песните од современото македонско музичко творештво.
Ансамблот има настапувано скоро на сите поголеми манифестации во рамките на македонската заедница во Србија, како што се „Деновите на македонска култура“ во Нови Сад, централните македонски прослави поврзани со нашите големи празници, како што традиционалните празнувања на Илинден во Јабука и Качарево, а ансамблот бил и претставник на Македонскиот национален совет во рамките на Саемот на националните малцинства во Белград, како и претставник на меѓународниот фестивал „Експлорес“.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1
Маркетинг