Connect with us

Општини

„Инклузива“: Напредок има, потребно е подобрување на пристапноста на гласачките места за лица со попреченост

Напредокот е видлив, но потребно е дополнително да се подобри пристапноста на гласачките места за лицата со попреченост, оценија од Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ Куманово.

Дел од гласачките места  во првиот круг од локалните избори останаа непристапни за лицата со попреченост. Од здружението „Инклузива“ укажаа дека параваните за гласање не биле соодветно поставени, а во некои објекти гласањето се одвивало на вториот кат, без функционални лифтови.

-Сѐ уште има гласачки места во тесен простор каде што лице со помагало или со придружник не може да помине. Во првиот круг имавме случаи каде што се гласа на втор кат, иако постојат слободни простории на приземје, изјави претседателката на здружението, Благица Димитровска.

Таа напомена дека недостигот од пристапност претставува системска пречка за остварување на основното избирачко право на оваа категорија граѓани. И покрај забелешките, од здружението посочуваат дека има и позитивни примери. На овие избори на листите за советници се најдоа десет лица со попреченост, а имаше  една кандидатка за градоначалник. Политичките партии, според здружението, ги приспособиле дел од програмите за потребите на лицата со попреченост.

-Напредокот е видлив, затоа што алатките што ги развивме во соработка со Државната изборна комисија веќе се дел од Изборниот законик и се користат на гласачките места, додаде Димитровска.

Од „Инклузива“ очекуваат идните локални власти да вложат поголеми напори во подобрување на пристапноста на јавните простори и институции.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1
Маркетинг