Connect with us

Општини

Градоначалникот Тони Коњановски доби Уверение од ОИК Битола за нов мандат

Претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК)-Битола, Игор Талевски денеска на градоначалникот Тони Коњановски му врачи Уверение со кое официјално го почна вториот мандат за раководење со општината.

Нашиот град заслужува да има иднина, заслужува да биде поквалитетно место за живеење и заслужува да се движи напред, истакна реизбраниот градоначалник Коњановски кој победи во првиот круг од локалните избори.

– Зад себе оставам мандат со четири години посветена работа во интерес на граѓаните на Битола. Кога ќе направам ретроспектива на изминатите 4 години, во кои се реализирани стотици проекти кои донеле подобар живот во општината и подобри услови за граѓаните, не можам, а да не бидам горд. Во следните четири години, очекувам дека ќе дојдат резултатите со кои ќе се заокружат најголемиот дел од сегашните проекти и од еден град кој пред само неколку години беше слепо црево, Битола ќе си го врати својот препознатлив сјај. Битола и битолчани го заслужуваат тоа, посочи Коњановски.

Во првата изјава по реизборот, Коњановски нагласи дека ќе продолжи со транспарентна работа и очекува владина поддршка за локалните проекти.

– Ќе продолжиме со транспарентна работа и лично очекувам и во овој мандат, да добиеме голема поддршка од Владата, предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Во двата повици за капиталните проекти, добивме огромна поддршка и бевме град со најголем број на добиени апликации. Ниту тоа не е случајно, бидејќи покажавме дека знаеме како да го придвижиме градот напред, да ја издигмене културата, спортот и економскиот напредок. Ова е заедничка мисија на сите нас кои што ја сакаме Битола и кои што сакаме да го гледаме градот како напредува, нагласи Коњановски, јавно заблагодарувајќи се на граѓаните за поддршката што ја доби на веќе завршените локални избори во Општина Битола.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1
Маркетинг