Connect with us

Општини

Во Радовиш извршено примопредавање на градоначалничката функција

Во просториите на Општина Радовиш денеска се изврши официјалното примопредавање на функцијата градоначалник меѓу досегашниот Ацо Ристов и новоизбраниот Љупче Почивалец, соопштија од Општината.

Во соопштението се наведува дека во пријатна и достоинствена атмосфера било извршено предавањето на документацијата и обврските, а Ристов му посакал успешна работа на новиот градоначалник, со надеж дека Општина Радовиш ќе продолжи да се развива во интерес на сите граѓани.

Новиот градоначалник Љупче Почивалец, кој доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, како и досегашниот, се заблагодарил за досегашната работа и истакнал дека ќе ја води општината со посветеност, транспарентност и одговорност со цел за подобар и поквалитетен живот за сите радовишани.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1
Маркетинг