Connect with us

Општини

Утре во Кочани гласаат 173 болни и немоќни, како и едно лице кое е во куќен притвор

Вечер завршува двонеделната кампања за вториот круг од Локалните избори 2025, кои ќе се одржат в недела, на 2 ноември. На полноќ започнува изборниот молк, што ќе трае до недела во 19 часот, кога се затвораат гласачките места.

Eден ден пред главното гласање, односно утре, први на избирачките места традиционално ќе гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и лица во домашен притвор, чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии.

Во Кочани право на глас имаат 32. 503, во Виница, запишани се 17. 060 избирачи, 5.068 во Чешиново Облешево и 2.506 во Зрновци.

Утре во Кочани, според информациите добиени од ОИК, своето избирачко право ќе го остварат 173 болни и немоќни жители, како и едно лице кое е во куќен притвор.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2
Маркетинг