Connect with us

Општини

Се асфалтира дел од новата обиколница во Штип

Почна асфалтирањето на кракот на улицата „Вељко Влаховиќ“, кој ќе се поврзи со новата обиколница од населбата Железничка до викенд населбата и индустриската зона Плуждино. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели дека по асфалтирањето на кракот на „Вељко Влаховиќ“ во должина од над половина километар, градежните машини ќе работат на асфалтирање на кракот на обиколницата од населбата Железничка.

-Обиколницата е во фаза на изградба и ова се краци, коишто во моментов се работат. Сакам да потенцирам дека ќе се работи и на крак поврзувајќи ги населбата Мерите со обиколницата и ќе имаме и нов кружен тек кај црквата „Свети Јован Крстител“, а која се наоѓа на средина на самата обиколница. Станува збор за еден потег, на среден рок, после пет години ќе биде нова зона за домување, за деловен простор, индустрија и нов дел од градот, којшто ќе се развива, изјави Јорданов.

Тој додаде дека во тек е тендерска постапка за изградба на мост на реката Брегалница, кој ќе биде во функција на самата обиколница, која ќе ги поврзува влезот и излезот на Штип кон Радовиш и Струмица и Градските гробишта со големите населби и индустриските зони. Средствата за обиколницата се обезбедени од првиот повик од унгарскиот заем. Општина Штип има Детален урбанистички план за овој дел од градот, којшто ќе се гради во наредниот период.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2
Маркетинг