Connect with us

Култура

Со претставата „Сите прекрасни нешта“ завршува есенската културна програма на Јуроп хаус во Кочани

Октомвриската програма на Јуроп хаус во Кочани завршува вечерва со претставата „Сите прекрасни нешта“ на Народниот театар од Штип, што ќе се игра на сцената во ЦК „Бели мугри“, домаќин на сите културни случувања што досега Јуроп хаус ги има донесено во градот на Кочанска Река.

Месецов се одиграа две претстави под патронство на Јуроп хаус. Најпрвин кочанчани ја погледнаа претставата „Синиот портокал“ на Театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес, по што следуваше „Црвенкапа“, претстава наменета за најмалите, во продукција на  Театар за деца и младинци од Скопје.

Јуроп хаус со есенска културна програма во октомври се врати во Кочани и покажа посветеност во подршката на културната иницијатива во градот, откако во септември реализираше низа активности за млади. Партнери на Јуроп хаус во Кочани се НУ ЦК „Бели мугри“ и SupportKochani”.

Претставата „Сите прекрасни нешта“ на Народниот теаар од Штип во „Бели мугри“ вечерва ќе се игра со почеток во 20 часот. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 3
Маркетинг