Connect with us

Општини

Конституиран Советот на општина Струмица

Во Струмица денеска беше одржана првата седница на новиот Совет на Општината, на која мнозинството советници за претседател го избраа Никола Маџунков од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

На седницата најпрво беше верификуван мандатот на советниците. Во новиот четиригодишен мандат мнозинството ќе го има ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата со 13 советници, СДСМ и коалицијата 8 и по еден од ЗНАМ и Левица.

На конститутивната седница мандатот на членовите на Советот им го честиташе градоначалникот, Петар Јанков, кој им посака конструктивна и продуктивна работа.

-На новиот состав на Советот му посакувам успешна, одговорна и чесна работа. Очекувам во овој совет да нема поделби и опструкции, туку дијалог и почит. Вие и јас како градоначалник сме избрани со иста цел, да ја направиме нашата општина подобро место за живеење. Граѓаните не очекуваат препукување, туку резултати, им порача Јанков на членовите на Советот на Општина Струмица.

На денешната седница беа формирани и комисиите при Советот на Општина Струмица.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1
Маркетинг