Connect with us

Општини

Физибилити студија за изградба на гондола на планината Баба

Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски потпиша договор за почеток на изработка на физибилити студија и техничка документација за изградба на гондола на планината Баба.

Гондолата ќе биде на потегот од селото Дихово до врвот Пелистер. Студијата опфаќа детална анализа на теренот, односно трасата за гондолата почнувајќи од селото Дихово се до врвот Пелистер, технички спецификации, можности за летни и зимски активности, како и планирање на инфраструктурата со цел развој на Пелистер како дестинација за сите четири сезони.

– Со зголемен интерес за природните убавини и авантуристичките можности, Општина Битола активно инвестира во развој на инфраструктурата и модерни содржини кои ја зголемуваат туристичката понуда и го претвораат потпелистерието во дестинација за доживување во сите четири сезони. За подобрување на пристапноста и инфраструктурата извршена е реконструкција на локалниот пат во село Цапари, изградба на колекторски систем и пречистителна станица во Националниот парк Пелистер, реконструкција на патот од село Трново до границата со паркот и други инвестиции кои овозможуваат подобра поврзаност, почиста животна средина и повисок квалитет на престој за туристите и локалното население, информираа од тамошната локална самоуправа.

Како што е познато, со поддршка на Општина Битола во рамки на Националниот парк Пелистер изграден е и отворен Авантуристички парк на Пелистер.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3
Маркетинг