Connect with us

Култура

Охридскиот театар в петок со премиера на претставата „Парите се отепувачка“

Народниот театар од Охрид в петок на матичната сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“ премерно ќе ја изведе претставата „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле, во адаптација и режија на Андреј Цветановски.

„Парите се отепувачка“ е битово-социјална драма со мотиви од печалбарскиот живот. Темата е животот и трагедијата на едно македонско сиромашно семејство, принудено да го испрати својот единствен син на печалба, а идејата е јасно изразена во насловот – проклетството на парите. Дејството се случува во западниот дел на Македонија, некаде во дваесеттите години на минатиот век.

Во претставата улогите ги толкуваат актерите Стрезо Стаматовски како Митре, Филип Кипровски во улогата на Анѓеле, Марија Новак ја толкува Мара, Адријана Билаловиќ – Тодороска ја игра улогата на Ката, а Никола Тодороски го игра Софре.

Сцената, костимите и видео дизајнот се на Сергеј Светозарев, а музиката на Димитар Андоновски.

Почетокот на претставата е закажан за од 20 часот.

Инаку, претпремиерата на претставата е задутре во истиот термин.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1
Маркетинг