Connect with us

Култура

Словенечката писателка Симона Хамер на книжевна резиденција во Скопје

Издавачката куќа „Готен“ соопшти дека словенечката писателка, драматург и драмска авторка Симона Хамер била последна гостинка што престојува во Скопје на циклусот книжевни резиденции за 2025 година што „Готен“ ги организира со поддршка од европската мрежа за преводи и книги „Традуки“. 

-Нејзиниот прв роман, „Цимери“,  беше објавен во август 2025 година од „Цанкарјева заложба“. Така, книжевната резиденција дојде во вистинскиот момент за нејзиното почнување на својот нов текст. За време на престојот во Скопје, Симона Хамер ги продлабочи контактите со своите колеги од театарската и книжевната сцена. Таа се сретна со македонски издавачи, со професори од Факултетот за драмски уметности и со претставници на неколку театарски куќи како што се Драмски театар и Театар Комедија. Таа размени мислења за идни преводи со реномираните преведувачи Дарко Спасов, Иванка Апостолова Баскар и Винсент Вилчник, кои се залагаат за македонско-словенечка културна соработка, соопшти „Готен“. 

Хамер изјавила дека нејзиниот месец во Скопје е уметнички многу продуктивен и културно инспиративен.

-Моментално работам на драмски текст за група аматери орнитолози кои се борат против корпорации, инвестициски фондови и политичари за парче земја кое е исто така дом на загрозена птица.  Запознавањето со ситуацијата во врска со зачувувањето на природата, урбанистичкото планирање и заштитата на дивиот свет во Македонија (особено во Скопје) беше многу мотивирачко за мене и имаше големо влијание врз приказната и општиот тон на претставата. Бидејќи сакав да да истражам креативни опции меѓу комедија и апсурд, уживав гледајќи ги претставите во Театар комедија (особено „Аматери“ и „Тарзан“, бидејќи обете претстави се занимаваат и со актуелни социјални и еколошки прашања), вели Симона Хамер за своите цели од престојот.

Присуствувала и на Регионалниот театарски фестивал РУТА и вели дека е благодарна што можела да ја доживее културната сцена на Скопjе.

-Да научам повеќе за нејзините продукциски предизвици, теми од интерес и актуелни прашања, да го проширам мојот литературен и театарски хоризонт и да воспоставам меѓусебна потреба за поврзување и културна размена, заклучува Хамер за резултатите од нејзиниот престој во Скопjе.

Симона Хамер (1984) е наградувана писателка, драматург и драмска авторка од Љубљана. Студирала драматургија и сценски уметности на Академијата за театар, радио, филм и телевизија на Универзитетот во Љубљана и е добитничка на наградата на Универзитетот „Прешерн“ за нејзините академски достигнувања.

Како драматург и авторка, таа е ко-креаторка на повеќе од четириесет театарски претстави и радио драми, освојувајќи неколку награди на театарски фестивали во Словенија и во странство. Исто така, пишува и објавува кратки раскази. Хамер е основач на словенечката иницијатива за современа драматургија „ПреГлеј“ и член на одборот на Одделот за драма (дел од Словенечкото здружение на драмски уметници). Како ментор за креативно пишување и драматургија, водела бројни работилници и курсеви и дизајнирала платформа за млади писатели во СНТ Драма Љубљана (2018-2021). 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2
Маркетинг