Connect with us

Кошарка

Шампионот без проблеми стигна до победата во Гостивар

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром постигнаа победа на последниот натпревар од 4.коло од „М-Тел“ Супер лигата. Тие вечерва во Гостивар ја совладаа истоимената домашна екипа со 77:57.

Првакот ги доби сите четири период, а најубедлив беше во вториот која заврши со 28:14. Најефикасен на дуелот беше играчот на МЗТ Скопје А. Мек Смит-Меквејн со 14 поени.

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром со денешната победа се проби на четвртото место на табелата со 6 бодови, зад водечката тројка ТФТ, Пелистер и МКК Куманово екипи кои имаат максимален ефект со 8 бодови.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3
Маркетинг