Connect with us

Скопје

Николоски: Маџир Маало е пример зошто се потребни промени во Општина Центар, со Лабудовиќ како иден градоначалник ќе го решиме урбанистичкиот хаос

„Во Маџир Маало луѓето живеат во супстандардни услови и тоа во срцето на Скопје, како резултат на урбанистичкиот хаос и создавањето на урбанизам исклучиво за интерес на поединци блиски до сегашното раководство на Општината“, истакна денеска потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски, кој заедно со кандидатот за градоначалник на општина Центар, Мирослав Лабудовиќ се сретнаа со жителите на Маџир Маало.

„Поединци кои се блиски на сегашното раководство на општина Центар, не можат тука да си го најдат финансискиот интерес и не можат тука да најдат бизнис, затоа луѓето тука живеат во една ситуација која не личи на 21 век, со уништени улици, без соодветен водовод и канализација, со нерешени имотни прашања и во едни супстандардни услови. Тоа е така затоа што општината воопшто не им дава да се развиваат. Затоа се потребни промени. Јас за општина Центар и за општина Карпош зборувам откако сум избран за министер, предложив на двајцата градоначалници да донесеме специјални закони, со кои би ги развиле општините и во исто време би го заштитиле урбаното живеење, но и двајцата не се согласија и сега ги гледаме причините зошто“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Николоски.

„Заедно со Лабудовиќ, како иден градоначалник на општина Центар, ќе работиме да ги решиме овие проблеми и луѓето од Маџир Маало да добијат пристојни услови за живот“, додаде Николоски.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 3
Маркетинг