Општини
Кумановските лекари со препораки по преминот на зимско сметање на времето
Граѓаните да практикуваат прошетки преку ден додека има сончеви периоди и да внимаваат на исхраната, препорачуваат кумановските доктори како заштита од евентуални последици по здравјето од промената од летно кон зимско сметање на времето.
– Повеќето граѓани не ја чувствуваат промената веднаш, особено кога се добива еден час повеќе одмор. Сега, со пократки денови, препорачливо е редовно внесување на витамин Д, изјави д-р Дарко Каранфиловски, специјалист по општа медицина во Ургентниот центар Куманово.
Здравствените работници оценуваат дека промената од летно во зимско сметање на времето генерално има помали здравствени последици, бидејќи на организмот му се овозможува еден час повеќе сон. Сепак, предупредуваат на можни влијанија врз менталното здравје и расположението, особено поради скратениот ден и намалената изложеност на сончева светлина.
Зимското сметање на времето секогаш започнува последната недела од октомври.
октомври 28, 2025

