Connect with us

Општини

Во Неготино приведен кавадарчанец кој возел со 1,90 промили алкохол во крвта

Во Неготино било приведено лице од Кавадарци кое возело со 1,90 промили алкохол во крвта, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 10 часот на улица „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишија од слобода Ѓ.С., на возраст од 54 години од Кавадарци. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „фолксваген кеди“, со кавадаречки регистарски ознаки, под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,90 промили алкохол во крвта, појаснија од МВР.

Лицето било задржано во полициска станица.

– Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, додадоа од МВР.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2
Маркетинг