Општини
По изборите ќе започнат работите поврзани со клиничките болници во Штип и Тетово и Здравствениот дом во Кичево, најави премиерот
По локалните избори ќе се распише јавен повик за финансиски институции за клиничките центри и болниците поврзано со договорот со Обединетото Кралство, а потоа ќе се размислува за нов Клинички центар во Скопје. Ова денеска го кажа премиерот Христијан Мицкоски, кој беше во посета на Градската болница „8 Септември“.
Да. Чекор по чекор. Да завршат локалниве избори, па да се распише јавен повик за финансиски институции за клиничките центри и болниците поврзано со договорот со Обединетото Кралство. Тоа да заживее и следно е големиот клинички центар, рече Мицкоски.
Една од опциите е тоа да биде и сегашната Градска болница „8 Септември“.
Ова навистина овде делува како одлична можност и како одлична опција – три булевари, гасна поврзаност, сообраќајна поврзаност, така што, ајде да видиме, да оставиме експертите да си го кажат своето мислење, рече Мицкоски потврдувајќи дека една од опциите за големиот клинички центар е и Градската болница „8 Септември“ во чија посета беше денеска.
Повтори дека најнапред ќе се работи на болничките центри во Штип и во Тетово, Медицинскиот факултет и Домот во Штип и Здравствениот дом во Кичево.
октомври 27, 2025

