Општини
Доделени уверенијата на новоизбраниот градоначалник на Делчево Иван Гоцевски и членовите на Советот
Заменик претседателката на Општинската изборна комисија, Тања Стојковска, денеска, им ги додели уверенијата на новоизбраниот градоначалник на Општина Делчево Иван Гоцевски и членовите на новиот Совет на Општината.
Стојковска им посака успешна и одговорна работа во интерес на граѓаните на Делчево.
Новиот состав на Советот на Општина Делчево, го сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ со освоени десет советнички мандати, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со освоени три и Левица и Движењето ЗНАМ – За наша Македонија со по еден советнички мандат.
Со денешното врачување на уверенијата започнува подготовката за конститутивната седница на Советот, по што ќе следи и официјалното стапување на функција на новиот градоначалник Иван Гоцевски.
октомври 26, 2025

