Connect with us

Кошарка

(Видео) Се степаа „Гробари“ – едни против, други за Вучиќ

Во средината на втората четвртина од натпреварот во Евролигата меѓу Партизан и Париз, дојде до тепачка на делот од трибините каде што се наоѓаат најжестоките навивачи на црно-белите.

Инцидентот му претходеше истакнување на транспарент со натпис „Студенти ВНАТРЕ, Вучиќ НАДВОР“, што предизвика бурни реакции. Група луѓе побараа од навивачите да го симнат транспарентот, по што следеше гласно скандирање против претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Наскоро потоа, на трибината зад кошот, избувна физичка пресметка меѓу самите приврзаници на Партизан – едни кои скандираа против власта и други кои се обидоа да ги замолчат.

Снимката од инцидентот ја забележале репортерите на Спорт Клуб од друг агол.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2
Маркетинг