Connect with us

Фудбал

Рафа Бенитез седнува на клупата на Панатинаикос

Познатиот шпански тренер Рафа Бенитез ќе биде новиот тренер на грчки Панатинаикос. Бенитез кој во својата кариера ги водеше премиерлигашите Ливерпул, Челзи, Њукасл и Евертон, а беше и тренер на Реал Мадрид, потпиша 2,5 годишен договор.

Тој ќе го предводи тимот од Атина во УЕФА Европската лига, а се споменува сума од 4,4 милиони евра како дел од договорот.

Целта на ангажманот и на сопственикот на клубот Јанис Алафузос е освојување на шампионска титула во шампионатот на Грција, а последната популарниот ПАО ја има освоено во 2010 година.

Дебито на клупата на Панатинаикос Бенитез ќе го има во недела на домашен терен против Астерас. ПАО се наоѓа на седмата позиција со осум бодови зад лидерот ПАОК: Последниот клуб на Бенитез беше шпанската екипа Селта Виго во 2024 година и нема ангажман по заминувањето од оваа екипа.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2
Маркетинг