Connect with us

Фудбал

Милан носи ново засилување во зимскиот преоден рок

Италијанскиот тим Милан е на прагот да донесе ново засилување. Нешто слично како што тоа го направи во летниот преоден рок со Лука Модриќ. На „радарот“ на Милан се наоѓа играч кој имаше извонредни години во Премиер лигата, а сега настапува во МЛС лигата, но можно е негово враќање во Европа.

Станува збор за Хеонг мин Сон, играчот кој десет години настапуваше за Тотенхем, а летово мина во Лос Анџелес и на 10 натпревари постигна 12 голови.

Желбата на Сон е да игра на Светскиот куп 2026 кога ќе има 33 години.

Фудбалерот од Јужна Кореја на европскиот континет кариерата ја почна во Хамбургер, а потоа продолжи во Баер Леверкузен и во 2015 година направи трансфер во Тотенхем. Неколку години важи да еден од најдобрите фудбалери од азискиот континет. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1
Маркетинг