Connect with us

Општини

Градежни активности во Велешко

Општина Велес со ангажирање на градежна фирма деновиве интензивно работеше во село Бузалково, каде по завршувањето на подготвителните градежни активности се изврши бетонирање на една улица.

Како што информираат од Општина Велес, средствата се обезбедени од општинскиот буџет од програмата за 2025 година.

Воедно, најавија реновирање и на други улици во градот и населените места во општината.

-Инвестираме во рамномерен развој на Општина Велес, потенцираат од општината. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1
Маркетинг