Connect with us

Општини

Во Кавадарци одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Денот на македонската револуционерна борба беше одбележан претпладнево во Кавадарци. Бројни делегации положија цвеќе пред спомен – плочата во центарот на градот.

Марија Михова, кустос историчар при Музеј галеријата во Кавадарци, рече дека се одбележуваат 132 години од формирањето на Македонската револуционерна организација (МРО).

Марија Михова, кустос историчар при Музеј галеријата во Кавадарци, рече дека се одбележуваат 132 години од формирањето на Македонската револуционерна организација (МРО).

Михова рече дека тешките социјално – политички услови во земјата во минатото, придонеле за спонтано создавање на групи, чија основна задача била самоодбрана од разните злосторници. Постоењето на разни групи и кружоци и разните концепции за тоа каков облик и цел треба да и се даде на идната револуционерна организација воделе, кон иницијативата за поставување на основите на организацијата што ќе ги собере и ќе ги обедини расфрланите сили, ќе ги потчини на една определена цел – ослободувањето. Последниот чекор бил обединување на националната сила на македонскиот народ во една општа револуционерна организација.

Марија Михова, кустос историчар при Музеј галеријата во Кавадарци, рече дека се одбележуваат 132 години од формирањето на Македонската револуционерна организација (МРО).

Таа додаде дека првите обиди за формирање на организацијата датирале од крајот на 80-те и почетокот на 90-те години на 19. век, околу 1889 година, кога Пере Тошев, му напишал писмо на Ѓорче Петров, да формираат организација за ослободување. Во летото 1891 година во Битола и Даме Груев направил обид за формирање на организација. Во 1892 година кај Иван Хаџи Николов созреала идејата дека само една организација може да го пресече патот на странските пропаганди, што дејствувале против националното ослободување на македонскиот народ. На 23 октомври 1893 година, била формирана Македонската револуционерна организација. Нејзините темели ги поставиле шестмина револуционери – интелектуалци. На основачкиот состанок била усвоена програма за дејствување. Основачите на организацијата ја потенцирале независноста и самобитноста на Македонија да се темели пред се на сопствени сили, да се стреми кон будењето на сознанието за самозаштита на поробениот македонски народ.

Марија Михова, кустос историчар при Музеј галеријата во Кавадарци, рече дека се одбележуваат 132 години од формирањето на Македонската револуционерна организација (МРО).

  • За реализирање на сите овие задачи, било неопходно брзо ширење и омасовување на организацијата, подвлече Михова.

Таа рече дека организацијата во својот развој носела различни имиња. Силен подем бележела по зачленувањето и раководењето на Гоце Делчев, Пере Тошев, Ѓорче Петров, Јане Сандански и други македонски револуционери.