Connect with us

Општини

Прилеп оддаде почит на револуционерите по повод 23 Октомври

По повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, делегации на ликалната самоуправа на Прилеп, на Сојузот на борци и поддржувачи на борбените традиции, на здруженија и граѓани им оддадоа почит на револуционерните дејци и се поклонија пред нивните споменици.

Цвеќе беше положено пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто, пред спомениците на Ѓорче Петров и на Пере Тошев во центарот на градот.

Делегациите оддадоа почит и на гробот на Пере Тошев во кругот на прилепската црква „Свето Благовештение“.