Connect with us

Скопје

Положено цвеќе на споменикот „Основачи на ВМРО“ во паркот „Жена борец“

По повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, делегации од Собранието, од Владата и од Кабинетот на претседателката на државата, денеска положија цвеќе на споменикот „Основачи на ВМРО“ во паркот „Жена борец“ во Скопје.

Цвеќе положија министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и министерот за култура и туризам Зоран Љутков, пратениците Катерина Димитровска и Малиша Станковиќ, како и повеќе граѓани