Кошарка
МЗТ Скопје Аеродром претрпе пораз на гостувањето во Никшиќ во АБА 2 лигата
Кошаркарите на МЗТ Скопје го одиграа вториот натпревар од втората АБА лига. Македонскиот првак одигра добро прво полувреме, а во второто полувреме ја загубија двоцифрената предност, на крајот домашниот тим се радуваше на победа од 83:77.
Во последната четвртина двете екипи ја дочекаа со резултат (58:52) во корист на гостите од Скопје. Но, последниот период „металците“ го одиграа доста лошо, особено во нападот. Имаа сериозни проблеми со реализацијата
Во третото коло од регионалното натпреварување, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ќе имаат уште едно гостување, во Бања Лука, На 5.ноември, ќе играат против дебитантот во оваа конкуренција, екипата на Студент.
октомври 24, 2025

