Connect with us

Кошарка

Два натпревара за комплетирање на 3.коло кај суперлигашите во кошарка

Со одигрувањето на двата денешни натпревара од 3.коло од „М-Тел“ Супер лигата ќе биде комплетирана оваа рунда. Во салата „Независна Македонија“ од 18 часот играат Ангели и првакот МЗТ Скопје Аеродром, додека еден час подоцна почнува натпреварот во Битола меѓу Пелистер и Маџари.

На претходно одиграните дуели од ова коло: МКК Куманово – Феникс 99:81, Кожув – Гостивар 73:72, Чаир – ТФТ 64:82 и Работнички – Тиквеш 99:87.

ТАБЕЛА: МКК Куманово 6, ТФТ 6, Кожув 5, Пелистер 4 (-1), МЗТ Скопје 4 (-1), Работнички 4, Тиквеш 4, Гостивар 4, Феникс 2010 4, Чаир 2030 3, Маџари 2 (-1), Ангели 2 (-1).