Кошарка
Даскаловски: Оваа победа многу ни значи
Кошаркарите на Пелистер ја постигнаа првата победа во ФИБА Европа купот. На дуелот одигран синоќа во Битола пред својата публика го совладаа словачкиот тим Приевизда.
– Приевизда е добар тим, со квалитетни странци кои знаат да вршат притисок резултатски во почетокот на натпреварот. Ја задржавме нивната мисија, не дозволивме да се одлепат, а во второто полувреме успеавме да создадеме предност и да држиме контрола. Одработивме одличен скаутинг на противникот, но пак имаме наивни грешки кои не смееме да ги правиме.
Овој натпревар и оваа победа многу ни значи, не само нам, туку и на навивачите и на цела Битола“, изјави Борче Даскаловски тренер на Пелистер.
Македонскиот претставник во ова натпреварување следниот натпревар го игра на гостински терен кај екипата на Керавнос од Кипар.
октомври 24, 2025

