Connect with us

Општини

Сигурносните рампи на железничките патни премини во Велес повторно ставени во фунција

По две недели нефункционирање, денеска дефектот на сигурносните рампи на железничките премини низ Велес е отстранет и истите се ставени во функција. Со  тоа од денеска и железничкиот сообраќај во градот е  нормализиран, информираа за МИА од Македонски железници инфраструктура.  

Тие појаснија дека  нивните стручни служби  во изминатите денови  работеле на санација на дефектот на техниката во контролите куќарки покрај пругата поврзани со сигурносните рампи лоцирани  кај Новиот  мост „Гемиџии“ и на железничкиот патен премин на пругата во населбата Дворови, двата  лоцирани во централното градско подрачје.

Од Македонски железници посочуваат дека дефектите на сигурносните рампи  со години наназад ги причинуваат несовесни граѓани кои крадат кабли од сигурносните рампи мислејќи дека во нив има бакар.

Кога несовесните граѓани ќе видат дека во нив нема бакар го фрлаат кабелот, но со  сечење на каблите  во повеќе наврати досега предизвикале несогледлива материјална штета на Македонски железници. Нефункционирањето на сигурносните рампи дирекно ја загрозуваат и безбедноста на граѓаните кои секојдневно поминуваат преку железничките патни премини.