Connect with us

Кошарка

НБА планира да лансира нова кошаркарска лига во Европа во следните две години

НБА планира да ги финализира надоместоците за франшиза во наредните месеци за да лансира нова кошаркарска лига во Европа во рок од две години, објави заменик-комесарот и главен оперативен директор на лигата, Марк Тејтум.

– Да, нашата цел е да го започнеме проектот во следните две години. Секако, тоа зависи од одобрението од НБА и ФИБА. Преминуваме во следната фаза. И мислам дека во следните осум недели ќе добиеме многу добра претстава за тоа на кое ниво на интерес сме. Сметаме дека оваа лига ќе вклучува комбинација од постоечки клубови, потенцијални нови клубови кои денес не постојат и евентуално некои фудбалски клубови кои немаат кошаркарски тим, но сакаат да инвестираат во еден. Во првата фаза, планираме да се прошириме во 10-12 градови од Велика Британија, Шпанија, Италија, Франција, Германија, евентуално Турција и Грција, изјави Тејтум за „talkSPORT“.

Претходно, НБА и Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) официјално објавија дека размислуваат за создавање нова професионална кошаркарска лига во Европа, која би послужила како алтернатива на Евролигата и би ги следела европските или меѓународните правила, вклучувајќи натпревари од 40 минути. Би била поблиску до европскиот формат отколку Американска. Планирано е лигата да вклучува 16 тима.