Connect with us

Култура

Започна ДАФ на Македонија, први настапија аматерите од „Летечката театарска група“ од Тетово

Во Кочани синоќа почна 62. издание на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија. Први на сцената на Центарот за култура „Бели мугри“ настапија тетовци од „Летечката театарска група“ со претставата „Малиот принц“. 

ДАФ, вообичаено, секоја година се одржува во текот на последната недела од мај, но, поради мартовската трагедија во „Пулс“ и овој настан од културата беше одложен.

На годинашниот фестивал на драмските аматери од Македонија вкупно ќе бидат одиграни девет претстави. Седум од нашата дражава на театрски групи од различни културни установи и две од Србија, на драмски театри од Ниш и Крагуевац, со што се задржува меѓународниот карактер на ДАФ.

Програмата на вториот ден од Фестивалот (21 октомври), почнува во 19 часот. На сцената во кочанската Национална устанува ќе се појават членовите на СКЦ од Ниш, кои ќе ја играат претставата „Моја бивша, мој бивши“. Во 21 часот публиката ќе може да ја проследи и втората гостинска престава – „Рачна изработка“ на Академскиот театар од Крагуевац.

62. издание на ДАФ на Македонија завршува на 24 октомври, кога ќе бидат прогласени најуспешните.