Кошарка
Славје во Гевгелија Кожув победи со тројка со звукот на сирената

Голема победа остварија кошаркарите на Кожув во дуелот од 3.коло од „М-Тел“ Супер лигата откако вечерва на домашен терен го совладаа Гостивар. Победникот беше решен во последната секунда. Гостите од Гостивар имаа два позитива 72:70, но Родни Пурвис постигна тројка со звукот на сирената за победа 73:72.
Кошаркарите на Работнички во третото коло ја остварија првата победа во првенството откако вечерва во СРЦ Кале го совладаа Тиквеш 99:87. Екипата од „Градски парк“ до победата стигна благодарение на последната четвртина, која ја доби со 32:20. Ова беше прв натпревар на кој тренерот Владимир Мирковски можеше да смета и на странските кошаркари.
Во тек е дуелот меѓу Чаир и ТФТ.
Утре во Куманово на програмата е дуелот меѓу МКК Куманово и Феникс 2010, додека поради обврските во меѓународните натпревари во петок се играат дуелите: Ангели – МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер – Маџари.
октомври 22, 2025