Connect with us

Кошарка

Партизан без Карлик Џонс до крајот на годината

Плејмејкерот на Партизан, Карлик Џонс ја повреди метатарзална коска на левото стапалото и ќе биде надвор од терените најмалку три месеци.

Репрезентативецот на Јужен Судан се повреди синоќа на натпреварот со ФМП во регионалната АБА лига. Откако лошо доскокна по едно положување беше очигледно дека не е добро, не може сам да оди, а првите снимки ги потврдија лошите прогнози.

Партизан сега е во доста голем проблем бидејќи единствениот вистински организатор на играта сега е Двејн Вашингтон, а Стерлинг Браун би можел да му помогне во тоа, иако тоа воопшто не е неговото природно место. Поради оваа ситуација, можеби нема да биде чудно ако Партизан тргна во потрага по нов кошаркар на позицијата 1.