Општини
Во Старо Нагоричане неизвесно дали ќе има втор круг

Во Старо Нагоричане сè уште е неизвесно дали ќе има втор круг на локалните избори. Мирослав Славковски од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ според официјалните резултати на Државната изборна комисија, освои најголем број гласови во првиот круг на локалните избори.
Славковски освои 50,00 проценти, односно за него гласале 959 граѓани. Следува кандидатот на коалицијата на СДСМ, Далибор Трајковски со 563 гласа, односно 29,35 отсто од гласовите. Останатите Власта Димковиќ од Српска странка има 11,47 отсто и кандидатот на Левица Андреј Димитријевски со 6,26 проценти.
Во општината право на глас, имаа 3.011, вчера гласале 63,81 процент.
Според 99,83 отсто обработени гласови од страна на Државната изборна комисија, во новиот состав на Советот, кој има девет члена, по три ќе делат ВМРО-ДПМНЕ, со листата предводена од Ивица Димковски и СДСМ со носителот Иван Марковиќ. По еден советник ќе имаат ЗНАМ, со носителот Милош Стојамновски, Единствена Македонија со Саша Андоновски и Дејан Јовчиќ од Српска странка.
октомври 21, 2025