Кошарка
Селекторот на Германија по 32 дена излезе од болница

Селекторот на германската кошаркарска репрезентација по 32 дена излезе од болница. Шпанецот Алекс Мумбру, селектор на Германија по еден месец ја напушти болницата.
Тој за време на првата фаза од Евробаскетот поради здравствени проблеми беше примен во болница во Тампере, поради акутна инфекција. Во кус период беше на клупата на Германија за време на дуелите во Рига, но во финишот на шампионатот улогата му ја препушти на помошникот Алан Ибрахимагиќ.
По завршувањето на Европското првенство Мумбру лекувањето го продолжи во Барселона од 15.септември и во петокот по 32 дена лекарска контрола беше пуштен на домашно лекување. Според лекарските наоди на Мумбру му беше дијагностициран тежок облик на панкреатитис со камени во жолчката.
За време на лекувањето Мумбру изгуби 16 килограми од тежината.
октомври 21, 2025