Connect with us

Култура

Работилници во Битола со Метју Пулет, театарски експерт од Франција

Метју Пулет, театарски експерт од Франција, во Битола приреди серијал работилници за млади на тема „Дигитална уметност и театарски вештини за подобро учење“.

Работилниците ги следеа ученици по француски јазик од Битола кои низ креативни работилници и специјално креирана апликација Faune, се здобија со поинакво дигитално уметничко искуство и пристап кон учењето на јазикот.

Во рамки на проектот се одржаа работилници за професорите по француски јазик за употреба на театарски техники при изучување на францускиот јазик, како и за ученциите по француски јазик и мултимедијално искуство на кои им беше овозможен разглед и интерпретација на изложба поместена во ООУ „Климент Охридски“ во Битола.

Едукативниот проект „Дигитална уметност и театарски вештини за подобро учење“ го организираа ЦКД Битола, Француската алијанса од Битола во соработка со Францускиот институт во Скопје.